Дома Фудбал Уште едно изненадување од Милан, со Модриќ доаѓа и неговиот соиграч

Уште едно изненадување од Милан, со Модриќ доаѓа и неговиот соиграч

Лука Модриќ е пред потпис со Милан и сè би требало да биде официјално наредната седмица, а се чини дека Хрватот не е единствениот кој ќе оди од Мадрид во италијанскиот град на модата.

Алегри сака да потпише двајца врзни играчи кои одговараат на неговите тактички идеи. Еден од двата трансфера кои ги предложи искусниот тренер е Лука Модриќ.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Новиот тренер на Милан, наводно, го има на ум Дани Себаљос. Мацимилијано Алегри сака играч со искуство во европската елита, но помлад од 30 години, така што Себаљос одговара на профилот кој го бара.

Во секој случај, на Модриќ ќе му биде мило ако и Себаљос тргне со него, бидејќи тој сепак е еден од неговите соиграчи, момче со кое Лука имаше особено добар однос за време на престојот во Мадрид и кого многу го цени.

Покрај Себаљос, желба на Алегри е и Адриен Рабио, кој го тренираше во Јувентус, а кој моментално е во Франција и игра за Марсеј. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо: Ќе останам најголем во историјата на Челси сè додека некој не освои четири титули

Тренерот на фудбалерите на Бенфика, Жозе Мурињо, изјави дека секогаш ќе биде дел од Челси …