Дома Фудбал Квартет засилувања од 150 милиони за Чаби Алонсо

Квартет засилувања од 150 милиони за Чаби Алонсо

По разочарувачката сезона без освоен трофеј во која дополнително Барселона зададе четири болни шлаканици во „Ел Класико“, Флорентино Перез одлучи летото 2025 да биде повторно „галактично“.

Во Реал Мадрид веќе пристигнаа Дин Хјусен од Борнмут за 58 милиони евра и Трент Александер-Арнолд за кого платија 10 милиони за да дојде на самиот почеток на јуни, односно пред почетокот на СП во САД.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Но, Реал Мадрид до почетокот на турнирот може да има уште двајца играчи, а тоа се – Алваро Карерас и Франко Мастантουоно.

Од претходно е познато дека Реал со сета сила тргна и по левиот бек на Бенфика и по талентираниот играч од средниот ред на Ривер Плата, а сега преговорите се во завршна фаза.

Мадридските медиуми открија денес дека Реал Мадрид одлучи да плати 48 милиони евра за Карерас, за да пристигне во Мадрид до 10 јуни и да биде на располагање за спомнатиот Светски првенство. Бенфика ја прифати последната понуда на Реал, додека Карерас одамна ги договори личните услови.

Иста е ситуацијата и со Мастантουоно, за кого Реал веднаш ќе плати 45 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула. Чаби Алонсо и него го сака во составот веќе за претстојниот турнир, иако има само 17 години. Аргентинецот е еден од најталентираните Јужноамериканци и Реал одлучи да го преземе пред Пари Сен Жермен, кој преговараше неколку недели наназад.

Сепак, се очекува тој во почетокот да биде опција од клупата, додека ТАА, Карерас и Хјусен се играчи за стартна постава, особено ако се земе предвид дека одбраната на Реал е жестоко ослабена, бидејќи се повредени – Дани Карвахал, Едер Милитао, Антонио Ридигер и Ферлан Менди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…