Дома Фудбал Нова ѕвезда се „роди“ во Франција, а Гвардиола доби „страшно“ засилување

Нова ѕвезда се „роди“ во Франција, а Гвардиола доби „страшно“ засилување

Синоќа во Штутгарт се одигра вистински спектакл помеѓу Шпанија и Франција, а во поразениот француски тим „се роди” нова ѕвезда по име Рајан Черки.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во поразениот француски тим посебно се истакна еден играч, а тоа беше 21-годишниот Рајан Черки.

Черки влезе во 63-тата минута од натпреварот и направи вистински хаос на теренот, играјќи феноменално последните половина час.

Прво, во 79-тата минута постигна спектакуларен гол кога по додавањето од Мбапе, фати еден волеј и го совлада немоќниот Симон.

Во третата минута од судиското продолжение даде и одлична асистенција кога „снајперски“ прецизно го пронајде Коло Муани кој постигна гол за конечниот резултат.

Освен голот и асистенцијата за само половина час на теренот, се истакна и во многу други важни параметри.

Меѓу другото, успеа да упати 18 точни додавања, создаде три шанси – од кои две беа окарактеризирани како големи и изнуди два фаула за својата екипа.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните во проблеми пред натпреварот со Гана. Кејн со завој на тренинг

Англиската репрезентација се соочува со предизвици поради повреди пред вториот натпревар о…