Дома Фудбал Интер го избра наследникот на Инзаги: Не Фабрегас, не Вијера, туку Киву

Интер го избра наследникот на Инзаги: Не Фабрегас, не Вијера, туку Киву

Не траеше долго потрагата за наследникот на Симоне Инзаги и сега нема повеќе дилеми за тоа кој ќе го преземе водството на Интер… Тоа ќе биде Кристијан Киву!

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што пренесува миланскиот весник Газета дело Спорт, член на познатата генерација на Нераѕурите која ја освои Триплетата ќе потпише двегодишен договор уште во петок за да ја подготви екипата навреме за Светското клупско првенство кое е на програмата подоцна овој месец.

Киву стигнува на стадионот Џузепе Меаца недолго откако со Парма успеа да го обезбеди опстанокот во Серија А. Тој го презеде клубот Млекаџии во февруари и на патот до обезбедување на опстанок во првенството постигна три победи, седум нерешени и три порази.

Парма се обиде со него да преговара нов договор, меѓутоа сè се промени кога Интер влезе во трката. Спортскиот директор Пјеро Аузилио по враќањето од Лондон веднаш се упати во клупската централа за да ги заврши последните детали на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед договори прво засилување за Керик кое ќе чини 53 милиони евра

Манчестер Јунајтед постигна договор со Аталанта за ангажирање на Едерсон, според извештаит…