
Фудбалскиот клуб Јувентус денеска соопшти дека го откупил одбранбениот играч Пјер Калулу од Милан и дека тој потпишал договор до 2029 година.
Калулу минатата сезона играше на позајмица за Јувентус, кој ја искористи опцијата во договорот и потпиша договор со 25-годишниот француски фудбалер до 30 јуни 2029 година.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
„Ова е првиот роденден во црно-бело за Пјер Калулу. Францускиот дефанзивец денеска полни 25 години, а велиме ‘прв’ бидејќи по првата сезона на позајмица, клубот ја искористи опцијата да потпише траен договор со него“, се наведува во соопштението на клубскиот сајт.
Калулу оваа сезона одигра 39 натпревари за црно-белите во сите натпреварувања и постигна гол. Јувентус ќе плати за Калулу 14.300.000 евра во три години, со дополнителни трошоци кои вкупно изнесуваат до 300.000 евра и потенцијални бонуси до 3.000.000 евра, во зависност од настапите.
Калулу моментално е со репрезентацијата на Франција, а ќе игра за Јувентус на Светското клупско првенство, кое започнува на 14 јуни во САД.
Фото: Принтскрин