Дома Останати Ракомет Најголемото македонски дерби ќе се игра пред полни трибини!

Најголемото македонски дерби ќе се игра пред полни трибини!

Ракометна треска ја зафати македонската јавност пред големото дерби меѓу Вардар и Пелистер, кое ќе се игра во сабота од 19.30 часот во арената „Јане Сандански“. Клубот од Скопје потврди дека сите билети се распродадени, што значи дека битката за титулата ќе се одигра пред полни трибини и жешка атмосфера.

Оваа средба носи огромен влог – директна пресметка за шампионската титула во Суперлигата, во која двата тима влегуваат со изедначен број бодови. Вардар и Пелистер имаат по 19, што гарантира драматичен и неизвесен дуел.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Само неколку дена претходно, Вардар го совлада ривалот од Битола во финалето на Купот на Македонија, што им дава психолошка предност, но Пелистер сигурно ќе има што да каже во борбата за тронот. На третото место се наоѓа Алкалоид со 11 бодови и реално надвор од трката за врвот.

Скопје е подготвено за уште едно ракометно класико кое ќе одекнува долго време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Убава вест: Македонија домаќин на уште еден голем спортски настан во 2026 година!

Македонија ќе биде домаќин на Светско училишно првенство во ракомет, кое ќе се одржи од 20…