
Манчестер Јунајтед продолжува со промените, со што Дејсон Вилкокс конечно е официјално назначен за спортски директор на клубот.
Поранешниот фудбалер на Блекбурн, Лидс, Лестер и репрезентативец на Англија се приклучи на клубот во 2024. Прво беше избран за технички директор, но веќе од декември ги извршуваше задачите на спортски директор. Сега овој статус е конечно официјализиран.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Вилкокс има интересна фудбалска историја. Поголемиот дел од кариерата мина во Блекбурн, каде што во 1995 година изненадувачки ја освои титулата, токму за време на големата доминација на Манчестер Јунајтед под водство на Сер Алекс Фергусон. Во ерата од 1993 до 1997 година, кога Јунајтед освои четири титули, само во 1995 не беа шампиони на Премиер лигата.
По завршувањето на играчката кариера, Вилкокс четири години работел како тренер во младинските категории на Манчестер Сити, градскиот ривал на Јунајтед. Од април 2024 година е дел од Олд Трафорд.
Од декември практично ги извршуваше задачите на спортски директор, а сега таа функција е и формално признаена.
🚨 Џејсон Вилкокс и официјално беше промовиран во директор на фудбалското одделение на Манчестер Јунајтед, бидејќи клубот е многу задоволен од неговата работа досега.
— Фабрицио Романо (@FabrizioRomano) 5 јуни 2025
Задолжен за сите преговори ова лето, Вилкокс се смета за клучен дел од процесот за развој на Манчестер Јунајтед. pic.twitter.com/PhTQTjn7CG