Дома Останати Тенис Зверев сурово искрен: Ѓоковиќ е одличен, а многумина веќе го отпишуваат

Зверев сурово искрен: Ѓоковиќ е одличен, а многумина веќе го отпишуваат

Александар Зверев претрпе деветти пораз во 14. дуел со Новак Ѓоковиќ, вторпат на Ролан Гарос. И повторно во четвртфинале, како во 2019 година.

Новак Ѓоковиќ по три часа и 20 минути игра победи со 4:6, 6:3, 6:2, 6:4 и по 13-ти пат се пласираше во полуфинале на гренд слемот во Париз.

По завршувањето на натпреварот, Зверев се обиде реално да ги објасни причините за поразот, но главниот акцент беше неговата изјава дека ниту малку не му се допаѓа што голем број експерти и коментатори лесно го отпишуваат Ѓоковиќ на 38 години.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Вистина е, во моментот тој е малку потценет, да бидам искрен. Смешно е да се каже така нешто. Многу луѓе веќе го отпишаа. Сетете се, оваа година тој веќе има победа против Карлос Алкараз на Австралија Опен, а сега ме победи и мене во Париз“, вели Зверев.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Скандал: Луѓе од соседството биле главни, уапсени 15 лица поради местење натпревари – направиле профит од речиси милион евра!

Во четири европски држави се уапсени 15 лица поврзани со местење на тениски натпревари. Ме…