Дома Фудбал Крај на една уникатна кариера: Се пензионираше фудбалерот кој направи 51 трансфер

Крај на една уникатна кариера: Се пензионираше фудбалерот кој направи 51 трансфер

По 28 години активна игра, крај на својата кариера стави Џеферсон Луис (46), фудбалер за која многумина можеби не слушнале поради спортски успеси, но чија фудбалска патека претставува вистински феномен во спортската сфера.

Напаѓачот од Доминика ќе остане запаметен како играч кој извршил 51 трансфер и менувал клубови на забележителен начин. Неговата кариера која траеше 28 години немаше стабилност, бидејќи Луис редовно преминуваше од еден клуб во друг на секои шест месеци.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Луис го направи дебито за Рисборо Ренџерс во 1996 година, кога имаше само 17 години, што означи почеток на една фасцинантна фудбалска приказна во пониските нивоа на англиската фудбалска пирамида.

Колку и да е неверојатно, и покрај 51 трансфер, тој никогаш не го напуштил англискиот фудбалски свет. Точно е дека настапуваше во велшките клубови Рексхем и Њупорт, но тие учествуваат во англиските првенства.


Од поистакнатите клубови во минатото, тој се натпреварувал за Оксфорд Јунајтед, Рексхем, Бристол Роверс, Кроули, Линколн, Њупорт и многу други.

Својата кариера ја заврши во нисколигашот Тејм Јунајтед, каде што четири пати се враќаше и на крај доби улога на играч-тренер. Вели дека понатаму ќе продолжи да работи со младите категории.

“Јас бев младо момче со сон и тој сон го остварив. Време е да го завршам ова поглавје. Играв до 46 години и тоа е нешто на што навистина се гордеам. Сега би сакал да уживам во нови можности”, изјави Луис за Би-Би-Си.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челзи нуди 75 милиони за ѕвездата на Барселона

Енцо Мареска одлучи да го засили тимот на Челси во сите линии на тимот, а една од неговите…