Дома Останати Тенис Гледајте и уживајте: Ѓоковиќ и Зверев одиграа поен каков што ретко се гледа! (Видео)

Гледајте и уживајте: Ѓоковиќ и Зверев одиграа поен каков што ретко се гледа! (Видео)

Синоќа на теренот “Philippe Chatrier” на Ролан Гарос присуствувавме на еден од најдобрите тениски дуели што оваа година го понуди, каде по четири сета Новак Ѓоковиќ славеше над Александер Зверев и обезбеди место во полуфиналето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зверев го доби првиот сет со резултат 6:4, но тогаш Ѓоковиќ направи пресврт и ги освои следните три сета со 6:3, 6:2 и 6:4.

Во четвртиот сет бевме сведоци на најубавиот поен од досегашниот Ролан Гарос, кога Ѓоковиќ спаси брејк топка при водство од 3:2.

Во тие 60 секунди на поенот, видовме 41 удар во кој беше сконцентрирана целата убавина на тенисот. Паметни удари со форхенд и бекенд, слајсови, смечеви, извонредна дефанзива на Ѓоковиќ и на крај фантастична форхенд дијагонала за изедначување на 40:40 – сето она што го очекуваме од ваков спектакл меѓу двајца врвни мајстори на тениската игра.

Тогаш Ѓоковиќ поведе со 4:2, момент кој во суштина го означи исходот на натпреварот и моментот кога Зверев си ја сфати својата загуба. Можете да седнете и да одвоите само 60 секунди од вашето време за да се насладите на овој навистина неверојатен поен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…