Дома Останати Тенис Ѓоковиќ направи пресврт и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, каде ќе игра против Синер

Ѓоковиќ направи пресврт и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, каде ќе игра против Синер

НОВАК ЃОКОВИЌ (АТП – 6.) е последниот полуфиналист на Ролан Гарос. Српскиот тенисер со резултат 4:6, 6:3, 6:2, 6:4 го совлада германскиот тенисер Александер Зверев (АТП – 3.) во четвртфиналето и си обезбеди место меѓу најдобрите четворица во Париз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во полуфиналето ќе се соочи со водечкиот тенисер на АТП ранг-листата, Јаник Синер.

Ова беше нивни 14. меѓусебен дуел, а со оваа победа Ѓоковиќ ја зголеми својата предност во меѓусебните резултати на 9:5 и остана во трка за рекордната 25-та титула на Гренд Слем.

Двајцата тенисери имаа слични бројки на сервис, со тоа што Ѓоковиќ освои 77% од поените по успешен прв сервис, а Зверев 76%. Српскиот тенисер имаше четири победоносни удари повеќе од германскиот (42:38). Сепак, Зверев направи 14 повеќе нефорсирани грешки (43:29).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…