Дома Фудбал Фабрегас ја изладе Интер: Верувам во долгорочниот проект на Комо

Фабрегас ја изладе Интер: Верувам во долгорочниот проект на Комо

Сметаниот за фаворит за нов тренер на Интер, Францеск Фабрегас, како да ги излади надежите на „нероазурите“ за негово ангажирање како наследник на Симоне Индзаги.

Денес, на настан во Лондон, тренерот на Комо изјави: „Започнав во овој клуб, бидејќи мислев на долгорочен проект: не сакам да ја завршам кариерата во клуб, каде што проектот е за една-две години, а потоа сè завршува. Навистина верувам во долгорочниот проект на Комо, дојдов тука како играч и сум многу, многу среќен, бидејќи можам да работам на начин како што сакам. Сопствениците и јас имаме исти цели и иста амбиција“, продолжи шпанскиот тренер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Слични изјави имаше и од страна на претседателот на Комо, Мирван Суварсо. Меѓутоа, сепак, новинарот Џанлука Ди Марцио известува дека Интер продолжуваат да го сметаат Фабрегас за приоритетна цел, при што спортскиот директор Пиеро Аусилио патувал токму до Лондон за да се сретне со Шпанецот и да го убеди да го преземе тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голманот на Шкупи со „кунг-фу“ удар го нокаутира ривалот, Тиквеш конечно победи (Видео)

Тиквеш конечно стигна до првата победа во новата сезона од Првата македонска фудбалска лиг…