Дома Фудбал Интер со прво ново засилување за ова лето

Интер со прво ново засилување за ова лето

Вицешампионот на Италија, Интер, го претстави своето прво ново засилување за сезоната 2025/26. Тоа е хрватот Петар Сучиќ, кој доаѓа од Динамо Загреб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За правата на 21-годишниот дефанзивен играч за врска, „црно-сините“ ќе платат 14 милиони евра, а уште 2,5 милиони евра се предвидени како бонуси. Сучиќ, кој е роден во Босна и Херцеговина, но игра за националниот тим на Хрватска, запиша 32 натпревари во изминатата сезона.

Во нив постигна седум гола и направи четири асистенции. Договорот на играчот за врска со Интер е до летото 2030 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како гром од ведро небо – Артета договори засилување за Арсенал!

Арсенал договори ново засилување за претстојната сезона, а станува збор за францускиот гол…