Дома Фудбал Јувентус планира изненадувачка понуда за крилото на Манчестер Јунајтед

Јувентус планира изненадувачка понуда за крилото на Манчестер Јунајтед

Јувентус планира изненадувачки трансфер на крилото на Манчестер Јунајтед, Антони, по неговото импресивно изнајмување во Бетис, известува порталот UOL Esporte.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бразилскиот напаѓач ја минал втората половина од сезоната 2024/2025 во шпанскиот Бетис и со својата игра го привлекол интересот на екипата од Серија А. Големецот од Торино моментално разгледува официјална понуда за 25-годишниот фудбалер. За време на својот престој во Бетис, Антони запиша учество во 26 натпревари и придонесе за 15 гола, постигнувајќи 9 и асистирајќи за 6 погодоци.

Шпанскиот клуб исто така не се откажал од надежта да го задржи бразилецот и планира наскоро да започне преговори со Јунајтед во обид да испреговара нов договор за позајмица за следната сезона. Бетис дури е подготвен да го зголеми финансискиот ангажман во договорот, вклучувајќи ја и поголемата покриеност на платата на Антони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Катастрофа за ПСЖ: Еден од најдобрите фудбалери нема да игра во финалето на ЛШ

Францускиот гигант ПСЖ доби лоши вести пред финалето против Арсенал во Лигата на шампиони …