Дома Фудбал На повидок шок за Барселона: Може да и бидат одземени бодови во ЛШ!

На повидок шок за Барселона: Може да и бидат одземени бодови во ЛШ!

Угледниот британски весник The Times објави дека Барселона повторно ги прекршила правилата на финансискиот фер-плеј (FFP), што може да резултира со одземање на бодови од Лигата на шампиони во следната сезона.

Според информациите на The Times, УЕФА во блиско време ќе ја објави листата на клубови кои ги нарушиле правилата на FFP, на која Барселона се наоѓа на врвот.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


УЕФА веќе ја казни Барселона во 2023 година со 500.000 евра поради лажно пријавување на приходите кога клубот продавал дел од заработувањето од ТВ правата и тоа го пријавувал како профит. Со оглед на тоа што Каталонците повторно ги прекршија правилата, следната казна ќе биде значително потешка.

Правилникот на УЕФА за кршење на FFP предвидува три можни санкции за повторно прекршување – може да го намали бројот на играчи што Барселона може да ги регистрира за Лигата на шампиони, може да и изрече поголема парична казна или дури да и одземе бодови во следната сезона на Лигата на шампиони.

The Times исто така известува дека под истрага се и два други клуба, Челси и Астон Вила, кои можеби ќе добијат казни во износ од 500.000 евра, слично како Барселона при првото прекршување.

Фото: Barcelona FC/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алиоски со супер гол донесе голем бод против Белгија

Македонската репрезентација одигра одличен меч против Белгија и одигра 1:1 на Арената во С…