Дома Фудбал Пријател на Шумахер откри нови детали за неговата состојба: Само три лица можат да го посетат

Пријател на Шумахер откри нови детали за неговата состојба: Само три лица можат да го посетат

Италијанскиот бизнисмен Флавио Бриаторе одржува редовен контакт со сопругата на неговиот пријател Михаел Шумахер и за ова сподели мислења за Corriere della Sera.

По долги години од скијачката несреќа која ја потресе Формула 1, Бриаторе понуди ретка перспектива на состојбата на великанот Михаел Шумахер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Познанството меѓу двајцата датира уште од времето кога Бриаторе беше сопственик на Бенетон тимот, каде Шумахер ги освои своите први две светски титули.

Бриаторе ги започна своите врски со Формула 1 како лидер на Бенетон во деведесеттите години, каде што го уживаше успехот со легендарниот седумкратен шампион Михаел Шумахер. По краток одмор, се врати во спортот кога Рено ја презеде екипата од Енстоун, преземајќи ја позицијата директор. Освои уште две титули со Фернандо Алонсо, но ја напушти својата функција во 2009 година по скандалот “Crashgate”.

На големо разочарување, Бриаторе потврди дека легендата од Формула 1 е прикован за кревет.

“Кога ги затворам очите, се сеќавам на неговата насмевка по победата. Често разговарам со неговата сопруга Корина и повеќе сакам да го паметам како слави, отколку да мислам на неговата тешка состојба”, кратко изјави Бриаторе за Corriere della Sera.

Своето гледиште за состојбата на Шумахер го сподели и поранешната сопруга на Бриаторе, Елизабета Грегорачи.

“Михаел не зборува, тој комуницира преку очите. Само три лица можат да го посетат, а јас знам кои се тие”, порача однапред Грегорачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибра виден во Лондон – Милано ќе стане централна точка на НБА во Европа!

Со секој изминат ден, сè сме поблиску до решението на идниот НБА проект во Европа, кој би …