Дома Фудбал На повидок неверојатен трансфер: Погба се враќа на големата сцена, ќе игра дури и во ЛШ

На повидок неверојатен трансфер: Погба се враќа на големата сцена, ќе игра дури и во ЛШ

Францускиот фудбалер Пол Погба ова лето се враќа на големата сцена откако му заврши суспензијата поради допинг, а појави се информација дека веќе се знае за кој клуб ќе потпише.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Погба веќе со месеци тренира напорно и е во исклучително добра физичка форма, и се појави информација дека навистина може да се врати на големата сцена и дека е во преговори со еден клуб од Франција.

Станува збор за Монако на кој Погба му се понудил сам и преговорите веќе се во тек, а „Ле Паризиен“ истакнува дека во Кнежевството сè повеќе се наоѓаат блиску до одлуката да му дадат шанса на поранешниот репрезентативец на Франција.

Тие знаат дека станува збор за врвен играч и дека би добиле одлично засилување. Не е исклучено Погба дури да дојде на проба за да видат во каква е физичка состојба и доколку сè е во ред, ќе му доделат договор.

Во таков случај, Погба со Монако ќе потпише соработка на една година, која ќе биде продолжена ако искусниот играч ги исполни очекувањата.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Можно ли е? Отказот на Слот може да значи голем пресврт во Ливерпул!

Денеска неочекувано пристигна веста дека Арне Слот ја заврши својата кариера како тренер в…