Дома Фудбал ВИДЕО: За голот на Левандовски во Дортмунд уште долго ќе се зборува

ВИДЕО: За голот на Левандовски во Дортмунд уште долго ќе се зборува

Вчера во рамките на 11. коло од германската Бундеслига Баерн Минхен со резултат од 3:1 ја совлада Борусија Дортмунд на гостински терен.

Подобри се разбира беа избраниците на Јуп Хејнкес, а во првото полувреме два прекрасни голови постигнаа Арјен Робен и Роберт Левандовски.

Во 37. минута беше виден детал кој ретко се гледа. Топка од крилото Левандовски прими од Кимич, а Полјакот со пета ја испрати топката до голот. Навистина, имаше помош од одбранбениот играч на домашната екипа, но тоа не ја намалува вредноста на прекрасниот гол.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…