Дома Останати Тенис Венус Вилијамс: Не смееме да го изгубиме Ѓоковиќ

Венус Вилијамс: Не смееме да го изгубиме Ѓоковиќ

Легендарната американска тенисерка Венус Вилијамс сака Новак Ѓоковиќ да освои 25. гренд слем и да му трае кариерата уште долго.

Постарата сестра Вилијамс на Ролан Гарос дебитираше како ТВ коментатор за ТНТ спорт, каде што се осврна на приказната за српскиот тенисер.

„Го изгубивме Роџер Федерер, го изгубивме Рафаел Надал, не смееме уште да го изгубиме Новак Ѓоковиќ. Трeбa да го задржиме уште малку. Затоа би сакала да освои 25. гренд слем. Кај тенисерките би сакала овде да победи Коко Гоф, а кај мажите сум голем навивач на Ѓоковиќ. Ни треба во спортот уште неколку години”, рече Вилијамс.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Лоши вести за Ѓоковиќ: Медведев го помина првото коло во Пекинг

Данил Медведев го победи Пабло Карењо-Буста и се пласираше во второто коло на АТП турнирот…