Дома Топ вести Одлуката на Бејл го налути Реал – го продаваат уште во јануари

Одлуката на Бејл го налути Реал – го продаваат уште во јануари

Герет Бејл поради повреда е надвор од терените уште од септември. Поради тоа ги пропушти и клучните натпревари за Велс во квалификациите, но и покрај тоа доби повик за пријателскиот натпревар против Франција.

Во Реал веруваат дека одлуката на Бејл да се придружи на репрезентацијата е само негов план да го исфорсира заминувањето од „Сантиаго Бернабеу“. Изгледа дека успеал во намерата бидејќи претседатеделот Флорентино Перез е многу лут и е спремен да го продаде уште во јануари, пренесуваат шпанските медиуми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бејл во Реал пристигна 2013 година од Тотенхем за тогаш рекорден трансфер и освои три титули во Лигата на шампиони, но поради повреда минатата сезона одигра само 19 натпревари.

Во последниет две сезони Велшанецот е повеќе во болница отколку на терен, па Реал донел одлука да го продаде и да направи место за доведување на нова ѕвезда во нападот.

Како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Манчестер Јунајтед, но во трката сигурно ќе се приклучи и Пари Сент Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…