Дома Фудбал Гвардиола ќе купи фудбалски уметник за „само“ 40 милиони евра

Гвардиола ќе купи фудбалски уметник за „само“ 40 милиони евра

Пеп Гвардиола е познат како тренер кој од играчите не толерира многу индивидуална слобода на теренот, тактичките задачи се подеднакво напорни и во одбраната и во нападот.

Меѓутоа, изгледа дека дури и шпанскиот експерт не останал имун на магијата што на зелениот тепих ја распрснува веројатно најатрактивниот фудбалер во Европа во овој момент, Рајан Шерки (21).

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Како што пренесуваат француските и германски медиуми, новиот член на Франција ги договорил сите лични услови со клубот од Манчестер, а некои извори одат чекор понатаму потенцирајќи дека и Лион и Сити исто така нашле заеднички јазик.

Земајќи го предвид дека договорот на Шерки со „лавовите“ истекува во летото 2026 година, јасно е дека клубот не може да смета на отштета во висина на реалната цена, па затоа се зборува за трансфер вреден околу 40.000.000 евра.

Велиме само затоа што станува збор за крилен напаѓач кој зад себе има 12 голови и дури 20 асистенции во 44 настапи за Лион оваа сезона во сите натпреварувања.

Често неговите атрактивни потези и дриблинзи ги радуваа очите на навивачите жедни за фудбал, па ќе биде интересно како ќе се вклопи момчето од алжирско потекло во малку ригидниот систем на Пеп Гвардиола полн со тактички барања.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Измама на векот: Познат клуб плати над 120 милиони евра за пет играчи кои никогаш не дојдоа

Лион повторно се најде во центарот на скандалот откако угледниот француски весник „Л’…