Дома Фудбал Ѓоковиќ бара специјален термин за да го гледа финалето на ЛШ

Ѓоковиќ бара специјален термин за да го гледа финалето на ЛШ

Новак Ѓоковиќ утре игра против Филип Мизолиќ во третиот круг на Ролан Гарос, а српскиот тенисер побара да го игра мечот против Австриецот во попладневен термин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Причината е финалето на Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Интер кое е закажано за 21 часот.

Познато е дека Новак навива за Милан кога станува збор за интернационалната сцена, па можеби не зачудува одлуката да не навива за најголемиот ривал на “росонерите”.

„Ќе навивам за Пари Сен Жермен. Сигурно ќе го гледам тој дуел ако не морам да играм во тоа време”, кажа Ѓоковиќ синоќа по победата.

Артур Фис исто така најави дека би сакал да го избегне вечерниот термин, па организаторите ќе имаат полни раце работа при составувањето на утрешниот распоред.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Готово: Босанец направи трансфер во Премиер лигата за 35 милиони евра!

Босанскиот фудбалски репрезентативец Амар Дедиќ ја продолжува својата кариера во Њукасл. К…