Дома Тенис Иванишевиќ има нов ангажман, ќе го тренира поранешниот трет тенисер во светот

Иванишевиќ има нов ангажман, ќе го тренира поранешниот трет тенисер во светот

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас реши да направи промени во својот стручен штаб поради нешто послабите резултати, па затоа за нов тренер го ангажираше Горан Иванишевиќ, поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ.

Нивната прва соработка започнува на тревниот турнир во германскиот Хале, кој се игра од 16 до 22 јуни, а воедно претставува важна подготовка за Вимблдон.

До крајот на минатата година Циципас го тренирал неговиот татко Апостолос, по што беше заменет од Димитрис Хатѕиниколау. Со доаѓањето на Иванишевиќ, 26-годишниот Грк се надева на враќање на формата и подобар пласман на најголемите турнири.

Фото: Принтекран

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

На 18 години до 12. место во светот: Јовиќ со порака за успехот што не доаѓа лесно

Ива Јовиќ ја заокружи сезоната со емотивна објава: зад големиот пробив стојат тешки порази…