
Фудбалерот на Сосиедад, Мартин Зубименди, изгледа дека наскоро ќе стане дел од Арсенал. Според информации од британските медиуми BBC и Sky Sports, трансферот е блиску до комплетирање и само медицинските прегледи го делат од конечниот договор.
Martin Zubimendi is set to have a medical before completing a switch to Arsenal 🩺 pic.twitter.com/zCJLn4CVTI
— BBC Sport (@BBCSport) May 28, 2025
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Доколку го помине успешно, Зубименди ќе стане првото летно засилување на Арсенал за следната сезона.
Топчиите имаат постигнато договор со шпанскиот клуб околу обештетувањето, додека Зубименди ги усогласи личните услови со Арсенал.
Лондонскиот клуб го следи Зубименди веќе подолг период, а активностите на неговото ангажирање траат неколку месеци.
Овој 26-годишник игра на позицијата централен и последен играч за врска со што се очекува да го замени Томас Парти во стартната постава.
Договорот на ганскиот репрезентативец истекува на крајот од сезоната, а преговорите со челниците на Арсенал се во тек.
Познато е дека клубот ќе го напушти Жоржињо, кој ќе се пресели во Бразил. Од играчите на позицијата заднен везен, тренерот Микел Артета има на располагање уште и дека Лан Рајс и левиот бек Мајлс Луис-Скелија.
Фото: Arsenal/FB