Дома Фудбал Модриќ ги избра најдобрите петмина во историјата: Ги нема Меси и Кристијано!

Модриќ ги избра најдобрите петмина во историјата: Ги нема Меси и Кристијано!

Лука Модриќ ги издвои своите пет најголеми фудбалски икони на сите времиња. На неговата листа се наоѓаат Марадона, Франческо Тоти, Роналдо Назарио, Звонимир Бобан и Зинедин Зидан. Хрватскиот капитен често зборуваше за неговата фасцинација од италијанската ѕвезда Франческо Тоти и хрватскиот херој Звонимир Бобан, но на врвот од листата го постави легендарниот Диего Армандо Марадона.

Во својата автобиографија “Мојата игра” Модриќ објави фотографија со Франческо Тоти и напиша: “Тука сум со мојот идол”, додека во моментот кога ја освои Златната топка во 2018 година, ги расплака зборовите на Звонимир Бобан, со изјава: “Посебно благодарам упатувам на мојот фудбалски пример и идол Звонимир Бобан”.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Интересно е што на оваа листа Модриќ не ги вклучи неговите поранешни соиграчи Кристијано Роналдо, ниту пак вечниот ривал од Барса, Лионел Меси, кој има осум Златни топки.

1. Диего Марадона

Аргентинскиот фудбалски гениј Марадона беше познат по својата неверојатна техника и визија за играта. Најславниот момент му беше во 1986 година кога ја водеше Аргентина до светската титула, а на тој турнир го постигна и легендарниот гол против Англија. Неговата кариера е обележана со игра за клубови како Наполи, Барселона и Бока Јуниорс, оставјќи трага како еден од највлијателните фудбалери во историјата.

2. Франческо Тоти

Тоти ја помина целата своја професионална кариера во Рома, каде стана симбол за клубот и неговиот град. Со извонредна техничка способност и креативност, можеше да игра како офанзивен играч за врска или напаѓач. Со Рома освои титула на Италијанското првенство, два купа и два Суперкупа. Тој е најмладиот капитен во историјата на Серија А и најдобар стрелец во историјата на Рома. Беше и светски првак во 2006 година во Германија.

3. Роналдо Назарио

Познат како Ил Феномено, Роналдо беше бразилски напаѓач кој заблеска во клубовите како Барселона, Интер и Реал Мадрид. Со својот талент освои две Златни топки и трипати беше прогласен за ФИФА фудбалер на годината. Се натпреваруваше и на две светски првенства како член на бразилската репрезентација. Со своите способности за брзина, дриблинг и постигнување голови, и покрај бројните повреди, Роналдо остана легенда.

4. Звонимир Бобан

Бобан беше хрватски играч за врска кој најголемиот дел од својата кариера ја помина во Милан, каде освојуваше четири титули на италијанскиот шампионат и Лига на шампиони. Пред тоа беше капитен на Динамо и симбол на борбата за хрватска независност, особено по инцидентот на натпреварот против Црвена звезда во 1990 година. Неговата интелигенција и технички способности го прават клучен играч во секој тим во кој настапуваше.

5. Зинедин Зидан

Зидан беше француски играч за врска, познат по својата елеганција, визија и техничко совршенство. Освои сите најважни трофеи како дел од Јувентус и Реал Мадрид, а со Франција стана светски и европски првак. Неговите легендарни голови, особено во финалето на Лигата на шампионите во 2002 година, и бројните индивидуални награди го прават иконска фигура во фудбалскиот свет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убедлива победа на Челси за трофејот во Конференциската лига

Фудбалерите на Челси го освоија трофејот во УЕФА Конференциската лига откако во финалето у…