
Непосредно по освоената 100-та титула во Женева, Новак Ѓоковиќ покажа емоции поради големата победа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Имаше повеќе славење по натпреварот… Толку интензивен меч, бев многу нервозен, само сакав да завршам со тоа и да седнам на клупата – затоа немаше претерана реакција во тој момент на победа“, вели Новак и додава:
„Сепак, кога моите деца влегоа на терен, кога ги видов, се почувствував поинаку и се освестив колку беа тие среќни – и затоа заедно сите славевме“.
Ѓоковиќ зборуваше и за неговите идни планови.
„Мислам дека резултатот на Роланд Гарос нема да има пресуден фактор на понатамошниот тек на мојата кариера, на пошироката слика. Тоа е тоа, не би додал ништо тука, ќе видиме како ќе помине ова овде. Не знам што треба да се случи за да кажам: ‘Е, нема повеќе да играм по Роланд Гарос’. Ми се игра уште, Вимблдон и УС Опен сигурно сакам да ги играм до крајот на годината. Останатото ќе видиме кога ќе дојде“, додаде тој.
Фото: Принтскрин