Дома Фудбал Роналдо се прости од Ал Наср: Ова поглавје заврши, но приказната продолжува

Роналдо се прости од Ал Наср: Ова поглавје заврши, но приказната продолжува

ФУДБАЛЕРИТЕ на Ал Наср синоќа со пораз го завршија првенството на Саудиска Арабија. Во последното коло изгубија на гости кај Ал Фатех со резултат 3:2, со што останаа на третото место на табелата со 70 поени, пет помалку од второпласираниот Ал-Хилал, кој така ќе игра во азиската Лига на шампионите следната сезона заедно со шампионот Ал-Итихад.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кристијано Роналдо го постигна својот 25-ти првенствен гол во сезоната и вкупно 35 во сите натпреварувања. Така по втор пат по ред ја освои наградата за најдобар стрелец на саудиското првенство, а изгледа дека синоќа ја одигра последната натпреварувачка утакмица за клубот од Ријад.

Роналдо по вечерашната утакмица на социјалните мрежи објави своја фотографија од натпреварот со краток опис: “Ова поглавје е завршено. Приказната? Сеуште се пишува. Благодарен на сите.”

Договорот на Роналдо со Ал Наср истекува на 30 јуни, а фактот дека до денес не е направен нов договор, го засилува верувањето дека Португалецот се подготвува за заминување по две и пол години во Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…