Дома Фудбал Чаби Алонсо: Чувствував дека веќе сум подготвен за Реал Мадрид

Чаби Алонсо: Чувствував дека веќе сум подготвен за Реал Мадрид

Чаби Алонсо ја одржа својата прва прес-конференција како главен тренер на Реал Мадрид. Порано денеска тој го потпиша договорот, кој е на три сезони. Официјално, светскиот шампион ќе почне да работи на 1 јуни и ќе го предводи составот на Светското клупско првенство во САД, каде првиот натпревар на тимот е на 18 јуни.

Како ќе игра вашиот Реал Мадрид?
Тоа е добро прашање и ми се допаѓа, затоа што денес фудбалот бара да бидеш флексибилен и динамичен. Бара да знаеш како да ги преместуваш фигурите. Имам идеја како сакаме да играме, но фиксираната шема може да се менува. Сакам тимот да пренесува емоција, енергија, да игра амбициозно и да се поврзува со луѓето. Симбиозата што ја бараме е од суштинско значење за да започне оваа фаза добро. Ми се допаѓа да развивам потенцијал кај секој, за да ги сложиме парчињата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Зошто одбравте да пристигнете уште пред Светското клупско првенство?
Околните околности така се подредија. Го гледам тоа како можност од една страна – да напредуваме во процесите, а од друга – да се бориме за уште еден трофеј. Ова е првото Светско клупско првенство во овој формат, амбицијата е присутна.

Како знаете дека сте подготвени за Реал Мадрид?
Го чувствувам тоа, чувствувам дека ова е моментот кога сè се вклопува. Но, пред сè поради луѓето. Луѓето се возбудени, го замислуваат иднината и сакаат да веруваат. А тоа дава многу енергија. Потоа доаѓа работата, но навистина моментот е добар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…