Дома Фудбал Aко не го доведе Ѓекереш, Арсенал веќе има идеја: Подготвени се да платат 100 милиони евра!

Aко не го доведе Ѓекереш, Арсенал веќе има идеја: Подготвени се да платат 100 милиони евра!

Арсенал е на прагот да му понуди на РБ Лајпциг 100 милиони евра како отштета за словенечкиот голгетер Бенџамин Шешко (21), објавија денес британските медиуми.

Најзначајно, спортскиот директор на Топџиите, Андреа Берта, веќе оствари средба со претставниците на германскиот клуб кои не брзаат да го продадат Шешко поради фактот дека неговиот договор важи до јуни 2029 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, постои можност да се активира отштетна клаузула која би изнесувала околу 80 милиони евра.

Раководството на Арсенал е спремно да надмине и таа сума бидејќи веруваат во огромниот потенцијал на словенечкиот репрезентативец, кој оваа сезона има постигнато 21 гол и направено шест асистенции.

Да потсетиме, Топџиите го завршија шампионатот на второто место во Премиерлигата и беа елиминирани во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Раководството на клубот и тренерот Микел Артета се решени да ги зајакнат редовите на тимот за да може да се борат на домашната и европската сцена, и спремни се да вложат средства за таа цел.

Инаку, Шешко како 16-годишник во 2019 година се пресели од Домжале во австрискиот Ред Бул Салцбург за 2,5 милиони евра, а по четири сезони во Австрија премина во сестринскиот клуб – германскиот Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заминувањето беше готова работа, но Керик сѐ блокираше и ја задржа ѕвездата на „Олд Трафорд“

Од кога Мајкл Керик седна на клупата на Манчестер Јунајтед, многу нешта се променија за мн…