Дома Фудбал Италија Наполи во проблеми – По Гулам, под знак прашалник и најдобриот стрелец!

Наполи во проблеми – По Гулам, под знак прашалник и најдобриот стрелец!

mertens

Tренерот на Наполи, Маурицио Сари се најде во проблеми пред утрешното гостување против Киево во рамките од италијанската Серија А.

Еден од фудбалерите кои ја сочинуваат напаѓачката тројка и прв стрелец на тимот Дрис Мертенс има проблеми со ситна повреда поради која тренира со послаб интезитет.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека тој ќе патува за Верона со тимот, но како што стојат работите натпреварот би го започнал од клупата за резерви. Сари нема да ризикува и Мертенс ќе биде стартер само доколку биде 100% спремен.

Доколку Мертенс остане на клупата него ќе го замени полскиот фудбалер, Пиотр Зиелнски кој во досегашниот дел од сезоната беше стартер на четири натпревари, а повеќе прилика за игра добиваше од клупата за резерви.

Да потсетиме, Наполи е лидер во Серија А со 31 освоен бод после 11 кола, додека екипатан а Киево се наоѓа на 11 позиција со 15 освоени бодови. Натпреварот помеѓу Киево и Наполи се игра утре со почеток од 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…