Дома Фудбал Tудор го продолжи договорот со Јувентус, но вчера се збогуваше со навивачите?!

Tудор го продолжи договорот со Јувентус, но вчера се збогуваше со навивачите?!

Игор Тудор автоматски го продолжи договорот со Јувентус до јуни 2026 година, поради тоа што торинскиот клуб со победа над Венеција (3:2) обезбеди пласман во Лигата на шампионите. И покрај ова, неговата иднина на клупата на „старата дама“ останува неизвесна. Голема е веројатноста дека ќе замине, а камерите го фатија како плаче по победата над Венеција, што сугерира на можен раздел со клубот кој толку го цени.

Според италијанските медиуми, вклучувајќи го и Џанлука Ди Марцио, продолжувањето на договорот се активираше автоматски бидејќи Тудор ја исполни клучната клаузула во договорот, а тоа е пласманот меѓу најдобрите четири тимови во Серија А. Но, Јувентус сè уште има можност да го прекине договорот со плаќање на отштета од еден милион евра.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Спортскиот директор на клубот Кристијано Џунтоли изјави дека Тудор ќе ја предводи екипата на претстојното Светско клупско првенство, но самиот Тудор навестува дека не се согласува со ова. “Веднаш ќе биде познато, не после Светското првенство, туку пред тоа”, рече Тудор во изјавата по натпреварот.

“Сите бевме фокусирани на крајот на сезоната, на секој натпревар. Не сакав да говорам за тоа. Сега ни претстои Светското клупско првенство, но сè ќе се реши пред тоа. Не би било правилно да се оди таму без јасна одлука или со одлука за промена на тренерот, а сепак клубот да оди со стариот тренер. Тоа не би било сериозно ниту за клубот, ниту за тренерот.”

Тудор го презема Јувентус во март, заменувајќи го Тиаго Мота, и потпиша договор до крајот на сезоната со услов за продолжување ако избори Лига на шампиони, што сега и го постигна. Сепак, во позадина се зборува дека Антонио Конте е фаворит за преземање на клупската позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убедлива победа на Челси за трофејот во Конференциската лига

Фудбалерите на Челси го освоија трофејот во УЕФА Конференциската лига откако во финалето у…