Дома Останати Кошарка Таунс одигра брутална четвртина, Њујорк од -20 до брејк во финалето на Истокот (Видео)

Таунс одигра брутална четвртина, Њујорк од -20 до брејк во финалето на Истокот (Видео)

Кошаркарите на Њујорк Никс успеаја да се вратат во финалната серија на Источната конференција на НБА лигата и да го намалат заостанувањето на 2:1, откако во третиот натпревар славеа против Индијана со резултат 106:100 – и тоа откако губеа дури 20 поени разлика!

Херој на вечерта беше Карл-Ентони Таунс, кој постигна дури 20 од своите 24 поени во последната четвртина, со дополнителни 15 скока, и на тој начин направи пресврт на натпреварот во корист на Никс, кои речиси целата утакмица го бркаа резултатот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Дури и повредата на коленото не го спречи да доминира во одлучувачките моменти, особено кога Њујорк изгледаше изгубено без Џејлен Бранссн, кој поради пет лични грешки голем дел од натпреварот го помина на клупата.

Најефикасен во тимот на Пејсерс беше Тајрис Халибертон со 20 поени и шест асистенции, додека Мајлс Турнер додаде 19 поени.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Натпревари на Јокиќ и Дончиќ под истрага на НБА

НБА лигата се соочува со сè поголемо внимание кон стратегија што ја користат екипите кои н…