Дома Фудбал Преговорите траеле цела ноќ: Де Брујне прифати договор на три години и заработка од 27 милиони евра

Преговорите траеле цела ноќ: Де Брујне прифати договор на три години и заработка од 27 милиони евра

Пред четири дена, Кевин Де Брујне го одигра својот последен натпревар на “Етихад” во дресот на Манчестер Сити.

Голема трага остави Белгиецот во овој тим, и јасно е дека имаше солзи и од навивачите, и од самиот играч, но и од големиот тренер Пеп Гвардиола.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Откако стана јасно дека на крајот од сезоната ќе го напушти “Етихад”, започнаа шпекулации за неговиот нов клуб за кој ќе игра од наредната сезона.

Јасно, Де Брујне со својот Манчестер Сити има да одигра уште еден меч во рамките на последното, 38. коло на Премиер лига, а потоа станува слободен играч.

Според работите, Де Брујне веќе одлучи каде ќе ја продолжи својата кариера, а тоа ќе биде Италија и екипата која стана новиот првак на оваа земја, Наполи.

На масата, Де Брујне имаше и понуда од МЛС, поточно од екипата на Чикаго Фајр, но очигледно не беше преголем интерес за неа.

Така, Белгиецот во својот нов клуб ќе заработи 27 милиони евра за три години, и ќе продолжи да игра на врвно ниво, и ќе се испроба во Италија.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Позната најголемата трансфер желба на Јувентус

Јувентус е подготвен да понуди голема сума за доведување на Виктор Осимен, кој е главна тр…