Дома Останати Кошарка Индијана оствари втора победа и поведе 2:0 во финалето на Истокот

Индијана оствари втора победа и поведе 2:0 во финалето на Истокот

ИНДИЈАНА ПЕЈСЕРС поведоа со 2:0 во финалето на Источната конференција. Во вториот натпревар одигран во Њујорк, Пејсерс ги совладаа Никс со 114:109 и така направија огромен чекор кон пласман во големото финале.

Ниедна екипа во историјата на НБА лигата не го испуштила водството со 2:0 во финалето на конференцијата откако ги добила првите два натпревари како гостин.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


За разлика од претходниот натпревар, во кој Пејсерс со чудесно враќање изборија продолжување и победија во него, овој пат водствата се менуваа низ целиот натпревар.

Во последните три минути Индијана влезе со предност од +10, а 14 секунди пред крајот нивното водство беше само еден поен разлика (110:109).

Сепак, потоа Аарон Несмит погоди две слободни фрлања, додека Џејлен Брансон промаши тројка и по уште две погодоци од слободните фрлања на Мајлс Тарнер, натпреварот беше решен.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ одби да потпише нов договор со Денвер – јасна е причината за неговиот потег!

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ одби да потпише нов договор со Денвер Нагетс, известуваат а…