Дома Фудбал Вирц е минато: Баерн подготвува трансфер кој ќе предизвика „земјотрес“ во Европа

Вирц е минато: Баерн подготвува трансфер кој ќе предизвика „земјотрес“ во Европа

Во Минхен веќе неколку недели главна тема е Флоријан Вирц, бидејќи Баерн на сите начини пробува да го доведе играчот од Бајер Леверкузен во своите редови. Но, Вирц не е единствената ѕвезда која ја сакаат Баварците, бидејќи се појави информација дека пристигнува и жестока конкуренција за Хари Кејн на врвот на нападот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Иако многумина мислеа дека Флориан Вирц ќе ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, тој според пишувањата на германските медиуми одлучил сѐ уште да не замине во странство и според сите индикации ќе потпише за Баерн.

Во приказната пред десетина дена се вмеша и Ливерпул, но јасно е дека Баварците имаат предност и изгледа дека оваа работа е решена.

Меѓутоа, германските медиуми носат уште една „бомба“ и тврдат дека Вирц не е најзвучното засилување што го сака Баерн, бидејќи челниците на клубот од Минхен имаат уште еден оптимистички план.

Наводно, тоа е Хулијан Алварез кој зад себе има фантастична сезона во Атлетико Мадрид, а иако претседателот на овој клуб, Енрике Серезо, порача дека не е на продажба, медиумите во Германија и Шпанија пишуваат дека би го разгледал доколку некој понуди повеќе од 100 милиони евра.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова не се одбива: Павловиќ заминува во Премиер лигата

Сѐ е поизвесно дека Страхиња Павловиќ ќе ја замени Серија А со Премиер лигата. Српскиот ре…