Дома Фудбал Душан Влаховиќ спасил соиграч – му позајмил 100.000 евра за коцкарски долг!

Душан Влаховиќ спасил соиграч – му позајмил 100.000 евра за коцкарски долг!

Италијанскиот фудбал продолжува да биде потресен од скандалот со нелегално обложување! Откако Николо Фаџоли и Сандро Тонали беа суспендирани поради учество во недозволени игри на среќа, случајот добива нов заплет со вмешаност на Душан Влаховиќ!

Според известувањето на Tuttosport, по темелната истрага од страна на миланското обвинителство, полицијата уапси пет лица во Милано, осомничени за организирање нелегални платформи за обложување.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Меѓу уапсените се Томасо де Џакомо и Патрик Фрицера, за кои се смета дека управувале со мрежа за нелегални уплати на фудбалери и други корисници.

Дополнително, истрагата опфаќа и тројца лица поврзани со компанијата Elysium Group, која овозможувала играчите да ги прикриваат долговите и уплатите преку фиктивни купувања на луксузни часовници и накит.

Во новото сведочење, Никол Фаџоли, кој веќе беше суспендиран поради обложување, откри дека Душан Влаховиќ му исплатил 100.000 евра за да му помогне да ги покрие долговите!

Фаџоли спомна дека тогаш сè уште бил играч на Јувентус, а неговите пријатели и соиграчи, вклучително и Федерико Гати и Раду Драгушин, му помагале проследувајќи му пари преку сметките на Elysium – со ветување дека ќе им ги врати со камата.

– Времето кога бев повикан на испитување во Торино, моите долгови изнесуваа меѓу 400.000 и 500.000 евра. Од тогаш никој не ме контактираше, изјави Фаџоли.

Да потсетиме, Фаџоли веќе ја одлежа суспензијата, во текот на која беше на терапија за зависност од коцкање, и неодамна се врати на фудбалските терени. Сепак, правните постапки изгледа ќе продолжат и понатаму, како за организаторите, така и за сите што учествуваа – директно или индиректно.

Фото: Juventus FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса ги израдува фановите, Рафиња стави потпис

Барселона продолжува брзо да делува и да ги задржува најважните делови од тимот што освои …