
Едно од најслабите финалиња на европските натпревари се одигра синоќа во Билбао, каде што Тотенхем со голот на Бренан Џонсон освои првиот трофеј по 17 години, а и првиот европски по 41. Манчестер Јунајтед ја заврши разочарувачката сезона со пораз во Лигата на Европа, но англискиот фудбал генерално има причини за славење.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако тоа веќе беше претходно познато, сега е официјално потврдено дека Англија ќе има дури шест клуба во групната фаза на Лигата на шампиони во сезоната 2025/26. Навистина неверојатно!
Како дојде до ова, кога само уште 10 други членки на УЕФА имаат барем еден директен претставник?
Причината лежи во фактот што Англија, исто како и Италија, Шпанија, и Германија, имаат по четири тима директно во елитата, а на освојувачот на Лига Европа му припаѓа уште едно место. Во актуелната сезона, најдобри резултати постигнаа клубовите од Островот и Шпанија, а според правилата од минатата сезона, тоа им донесе уште едно дополнително место!
Така, покрај Ливерпул и Арсенал, кои веќе го обезбедија своето место преку лига, и Тотенхем, во ЛШ ќе играат и три од петте тима кои викендов ќе бидат меѓу првите пет во Премиер лигата – Манчестер Сити, Њукасл, Челзи, Астон Вила или Нотингем Форест.
Фото: Tottenham/X