Дома Фудбал Посекоглу си доби нов голем фан – се вика Мохамед Салах!

Посекоглу си доби нов голем фан – се вика Мохамед Салах!

Иако неизвесноста е најпривлечната страна на фудбалот, големата победа на Тотенхем против Манчестер Јунајтед во финалето на Лигата на Европа го потврди правилото дека харизматичниот Анге Постекоглу, секогаш освојува трофеи во втората сезона кога е дел од клубот.

Така беше и среда вечер во Билбао против Јунајтед каде што лондонскиот клуб славеше со 1:0 во едно не толку интересно финале.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Успехот на „спарсите“ стигна и до ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах, кој на популарната социјална мрежа „X“ му честиташе на Тотенхем за големото достигнување, посветувајќи им внимание на зборовите на Постекоглу кои стекнаа дополнително значење вчера.

“Рече дека ќе победи во втората сезона. Честитки”, напиша Египќанецот кој и следната сезона ќе води големи битки против Тотенхем.

Фото: Tottenham/Liverppol/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа: Кој го исвиркува претседателот, не го сака Реал Мадрид

Новиот тренер Алваро Арбелоа ја постигна првата победа како тренер на Реал Мадрид на својо…