Дома Фудбал Ништо не е случајно: Постекоглу тоа што го најави и – го оствари!

Ништо не е случајно: Постекоглу тоа што го најави и – го оствари!

Ангелос Постекоглу му донесе трофеј на Тотенхем и дочекавме ден кога зборовите “Тотенхем” и “трофеј” ќе бидат во иста реченица.

Денес ќе се потсетиме на неговата самоуверена изјава, која од денес е и изјава на годината во светот на фудбалот.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


“Не освојувам главно трофеј во втората сезона, туку секогаш освојувам трофеј во втората сезона”, рече Постекоглу на почетокот на оваа сезона.

И вистина е дека Тотенхем потполно потфрли во Премиерлигата, некои велат дека ќе се бореше за Европа напролет, некои дека сепак би бил таму каде што е, во долниот дел од табелата, некои го бранат зашто имаше многу повреди на клучни играчи, а сите се согласуваат дека има најтежок претседател и газда над него. И покрај тоа, успеа да му донесе на Тотенхем трофеј и тоа не мал – Лига Европа.

Можеби на тој пат имаше полесни ривали, можеби сè му се отвори, но историјата ги памети победниците, а на таа листа ќе пишува само – Тотенхем освојувач на Лига Европа 2024/25.

Некои трофеи се паметат само по тоа дека се освоени, некои и по начинот на кој се освоени, но за навивачите на Тотенхем ова утро тоа е сосема неважно. Тие го победија Манчестер Јунајтед, големиот ривал, и му го украдоа и трофејот и местото во Лига на шампиони.

Финалињата не се играат, финалињата се победуваат, а најголемиот победник е Ангелос Постекоглу. Фото: Tottenham/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ добил две примамливи понуди – каде ќе ја продолжи кариерата?

Хрватската фудбалска ѕвезда Лука Модриќ официјално потврди дека на крајот на сезоната ќе с…