
ИНДИЈАНА победија во првиот натпревар од финалето на Источната конференција на гостински терен против Њујорк Никси. По продолженијата, натпреварот заврши со 138:135.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клучниот момент од натпреварот се случи на самиот крај на регуларниот дел, кога плејмејкерот на Индијана, Тајрус Халибертон, погоди неверојатен шут за двојка за израмнување на 125:125 со звукот на сирената.
Њујорк не успеаја да се опорават од тој шок до крајот и на крајот гостите стигнаа до неочекувана победа, анулирајќи ја така предноста на домашниот терен за Њујорк.
Халибертон го заврши натпреварот со 31 поен и 11 асистенции, а Арон Несмит исто така беше одличен за Индијана со 30 поени и осум погодени тројки од девет обиди.
.WHAT A SHOT BY TYRESE HALIBURTON 🤯🤯🤯 https://t.co/8wEwdkeRwZ pic.twitter.com/s497GwRWi9
— NBA (@NBA) May 22, 2025