Дома Фудбал Кевин Де Брујн добива статуа во Манчестер!

Кевин Де Брујн добива статуа во Манчестер!

Легендарниот белгиски фудбалер Кевин Де Брујне синоќа го одигра својот последен натпревар на Етихад во дресот на Манчестер Сити во дуелот со Борнмут, а клубот објави голема вест.

Де Брујне одигра 69 минути во победата на Сити над Борнмут со 3:1 во претпоследното коло на Премиер лигата, а кога го напушти натпреварот, доби аплаузи од полниот Етихад.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Сити покажа колку му значи Де Брујне со објавата дека ќе му подигне споменик пред стадионот.

“Во чест на неверојатната деценија посветеност на Кевин Де Брујне, нарачавме специјален кип за да ја прославиме неговата величествената кариера на Етихад”, објавија од Сити.

Де Брујне го засили Сити во 2015 година од Волфсбург за 75 милиони евра, што во тој момент претставуваше рекордна сума што клубот ја даде за еден играч.

Фото: Manchester City/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бруно на раскрсница, доби понуда која не се одбива

Ден по поразот на „ѓаволите“ во Билбао, главните медиуми на Островот го засилија шпекулаци…