Дома Останати Кошарка Обвинителството со детали за тепачката на кошаркарите на Партизан (Видео)

Обвинителството со детали за тепачката на кошаркарите на Партизан (Видео)

По повод тепачката што се случила во Белград на улицата Црногорска, пред УО „Банк“, на 5 мај годинава, околу 04:30 часот, во која учествувале четворица кошаркари на КК Партизан и за време на која биле повредени три лица, се огласи Првото јавно обвинителство.

Било извршено судско-медицинско вештачење за околностите на тежината и начинот на настанување на повредите на оштетените од кое произлегува дека Ј.К. добил повреди кои заедно се оценети како тешки телесни повреди. Наведеното вештачење ќе биде доставено на адвокатот на обвинетиот и на полномошникот на оштетениот за изнесување евентуални забелешки, по што ќе биде закажано сослушување на осомничениот кошаркар на КК Партизан К.А.Ј., а потоа и испитување на Ј.К. во својство на сведок оштетен. Обвинителството ќе преземе и сите други потребни дејства за утврдување на целосната фактичка состојба врз основа на која ќе биде донесена одлука, а за што јавноста ќе биде информирана – соопштија.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Во тепачката учествувале Карлик Џонс, Стерлинг Браун и Ајзак Бонга, кои претходно се извиниле за своите постапки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

ФИБА ги одреди домаќините на Евробаскетот во 2029 година

До Евробаскетот 2025 година остануваат уште три месеци, а ФИБА денес ја официјализираше од…