Себастијан Фетел е веќе подготвен за почетокот на следната сезона, во која сака да дојде до првата титула во својата кариера.
Оваа сезона мина во знакот на Хамилтон, кој на три трк пред крајот ја осигура својата четврта титула во Формула 1 шампионатот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Германецот во разговор за „Спорт Билд“ имаше пофални зборови за Хамилтон, но и истакна дека верува дека неговиот тим следната година може да стигне до титулата.
„Само неколку спортисти на светот имаат четири шампионски титули, така што мора да биде почитуван“, истакна Фетел.
„Анализирајќи ја оваа сезона, Луис беше подобар, затоа и ја заслужи титулата. Во иднина се е можно, но следната сезона ќе дадам се од себе да го сопрам Хамилтон да не ја освои петтата титула. Оваа година беше негова, но 2018. е поинаква приказна. Се почнува од нула. Ферари е на добар пат и цврсто верувам дека можеме да бидеме на врвот следната сезона“.