
Белгискиот играч од средниот ред, Кевин де Брујне, изјави дека сака да го пропушти претстојното Светско клупско првенство.
Сега веќе легендарниот играч од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, истакна дека нема да игра за овој клуб на Светското клупско првенство.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Фудбалерот на „Граѓаните“ има повеќе од разумна причина – постои можност за повреда само неколку недели пред заминувањето од клубот.
Белгискиот 33-годишник ќе го напушти Манчестер Сити ова лето по десет години поминати во клубот каде освои дури шест титули шампион на Англија.
Освен англиското премиерлигашко првенство, освои и Лига на шампиони, па и веќе споменатото Светско клупско првенство го освои во 2023 година.
Де Брујне има договор до 30 јуни, и под договор би ги покрил и трите натпревари од Светското клупско првенство во САД.
Фото: Принтскрин