Дома Останати Тенис Новак го очекува тежок предизвик на Ролан Гарос: Закани се веат од Синер, Алкараз и Зверев

Новак го очекува тежок предизвик на Ролан Гарос: Закани се веат од Синер, Алкараз и Зверев

Објавена е листата на носители за Ролан Гарос и се чини дека Новак Ѓоковиќ одамна не бил во ваква неповолна позиција српскиот тенисер е шести носител, што значи дека веќе во четвртфинале би можел да се соочи со некој од најдобрите четворица светски играчи.

Прв носител во Париз ќе биде Јаник Синер, втор ќе биде Карлос Алкараз, трет на листата ќе биде Александер Зверев, а на четвртата позиција е Тејлор Фриц. Овие играчи претставуваат потенцијални противници на Ѓоковиќ во четвртфиналето, додека извлекувањето ќе го оддели од петтопласираниот Џек Дрејпер.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Ова значи дека во Париз го очекува сличен жреб како на Австралија Опен, кога во четвртфиналето се соочи со Карлос Алкараз и, иако беше повреден, успеа да го совлада со 4:6, 6:4, 6:3, 6:4, а потоа налета на Александер Зверев. Со Германецот одигра еден сет кој го изгуби 7:6 и поради болки мораше да го предаде мечот. Доколку се пласираше во финалето, ќе играше со Јаник Синер.

Фото. Novak Djokovic/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Венус на 45 години повторно се враќа на терен: А зошто да не играм тенис!?

Тениската вест на денот, а можеби и на целиот спортски свет, беше – Венус Вилијамс п…