Дома Останати Кошарка Полицијата ги уапси напаѓачите на кошаркарот на Куманово

Полицијата ги уапси напаѓачите на кошаркарот на Куманово

Кошаркарскиот клуб Куманово во саботата ја заврши својата плејоф-приказна, откако претрпе трет пораз по ред од актуелниот шампион МЗТ Скопје во полуфиналната серија.

Со тоа, кумановци го завршија настапот во трката за титулата, но натпреварот беше засенет од сериозен инцидент што се случи во паузата меѓу двете полувремиња.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Тензичната атмосфера кулминираше кога дел од навивачите на Куманово насилно влегоа на паркетот и физички го нападнаа својот играч, Тадија Тадиќ.

„Полициски службеници од СВР Куманово на 17 мај во 20 часот ги лишија од слобода А.Ј.(36) и Д.С.(29), двајцата од Куманово. На полувреме на кошаркарскиот натпревар од кошаркарската супер лига помеѓу екипите на МКК Куманово од Куманово и МЗТ од Скопје во спортската сала на средното училиште ‘Перо Наков’ тие се обиделе да нападнат играч од домашната екипа и да му го соблечат дресот. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кој ќе биде тренер на Денвер од следната сезона?

Тренерот на кошаркарите на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, изјави дека не е сигурен дали ќе…