Дома Фудбал Неверојатна драма во Серија А: Интер и Наполи без тренери ќе го „ловат“ Скудетото

Неверојатна драма во Серија А: Интер и Наполи без тренери ќе го „ловат“ Скудетото

Одлуката за шампионот во Италија оваа сезона ќе се носи во последното коло, откако Наполи и Интер синоќа не успеаја да извојуваат победа против Парма, односно Лацио.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Екипата од Неапол во последното коло на Серија А ќе ја пречека екипата на Каљари, додека Интер ќе гостува на Комо. Интересно е тоа што фудбалерите на двата тима ќе мораат да се борат за титулата без своите тренери на клупите.

Антонио Конте и Симоне Инзаги беа исклучени и според правилата нема да можат да ги водат своите тимови во клучните 90 минути.

Конте заработи црвен картон откако влезе во конфликт со некои од играчите на Парма поради одложување во играта, и веднаш потоа беше исклучен и тренерот на ривалот, Кристијан Киву.

Од друга страна, Инзаги беше бесен на колегата Марко Барони, кој побара ВАР проверка откако Јан Бисек играше со рака во 88. минута, по што Педри постигна гол од пенал.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алварез е бесен пред финалето, не го очекувал потегот кој го направи Атлетико

Сагата помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид околу трансферот на Хулијан Алварез продолжува, …