Дома Останати Кошарка ТФТ испиша историјa: Победа против Работнички за финале против МЗТ

ТФТ испиша историјa: Победа против Работнички за финале против МЗТ

Кошаркарите наб ТФТ од Тафталиџе испишаа историј и стигнаа до своето прво финале во македонскиот кошаркарски шампионат, откако со максимални 3-0 ја добија полуфиналната серија против Работнички.

По двете стартни победи на домашен терен, избраниците на Боро Смилковски ставија печат на серијата и на гостински терен, совладувајќи го најтрофејниот македонски клуб со убедливи 73-92 во салата „Градски парк“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Работнички се држеше само во првата четвртина, која ја доби со минимални 27-25, но потоа следеше доминација на гостите. Втората четвртина беше клучна, ТФТ одигра фуриозно, ја доби со 13-33 и замина на пауза со предност од 20 поени (38-58).

Во второто полувреме ТФТ само ја зголемуваше предноста и рутински го приведе натпреварот кон крајот 73-92. Дарин Говенс беше најпрецизен кај победникот со 18 поени, додека Џексон Дубински со 15 поени беше најистакнат поединец во редовите на Работнички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Првиот кошаркар кој удри во големата тепачка во НБА-лигата испрати порака (Видео)

Натпреварот помеѓу Детроит Пистонс и Шарлот Хорнетс беше засенет од жестока тепачка на тер…