
Арсенал активно бара врвен напаѓач, а првата цел на тренерот Артета е талентираниот Душан Влаховиќ од Јувентус.
Фудбалерот има тековен договор со Торино кој истекува во јуни 2026 година, но договорот за продолжување не оди како што се очекуваше.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Преговорите не се лесни, а со оглед на тоа што Влаховиќ ќе влезе во последната година од неговиот договор на лето, Јувентус е подготвен да го стави на пазарот.
Оваа состојба Арсенал сака вешто да ја искористи, така што и продолжува со потрагата по напаѓач, со цел Артета да ја исполни желбата со ангажман на Влаховиќ.
Лондонскиот клуб е подготвен да плати околу 50 милиони евра за да го доведе Србинот, што е моменталната побарувачка на Јувентус.