
Славниот италијански клуб Сампдорија, кој во минатото се радувал на титули во домашното и европското фудбалско натпреварување, за жал, падна во третиот ранг на италијанскиот фудбал. Во последниот натпревар од Серија Б, Сампдорија одигра нерешено без голови против Јуве Стабија (0:0), но резултатите од другите средби не беа во нивна корист. Тоа значеше само едно – по 79 години постоење, тимот од Џенова е принуден да се пресели во Серија Ц.
Во 2023 година, Сампдорија испадна од Серија А по 12 последователни сезони, и многумина веруваа дека брзо ќе се стабилизираат и ќе се вратат меѓу прволигашите. Наместо тоа, следеше уште подлабока криза, а по две години во Серија Б, клубот доживеа еден од најтешките моменти во својата историја.
Три дена по испаѓањето, тензијата околу клубот го достигна врвот. Стотина разгневени навивачи се собраа пред спортскиот центар, каде што тимот на тренерот Алберико Евани имаше свој „казнен“ тренинг. Според пишувањата на „Газета“, протестите беа жестоки – навивачите ги навредуваа играчите и извикуваа пароли како „Вие сте г***а“, „Надвор предавници од Сампдорија“ и „Ќе ве истепаме“.
Најголемото понижување се случи кога играчите мораа да ги соблечат своите дресови и да ги предадат на малата група навивачи кои ги чекаа надвор од центарот. „Не заслужувате да ги носите“, им рекоа навивачите. Видео од треингот можете да погледнете ТУКА.